Дрес на Мајкл Џордан се продаде за 216,000 долари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За дресот на Мајкл Џордан од Олимпијадата во Барселона, некој одвои огромна сума.

Дрим тиимот е само еден – оној од 1992. година. Во тоа време, во Барселона играа Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Лери Брд, Чарлс Баркли, Патрик Јуинг, Дејвид Робинсон, Клојд Дрекслер, Скоти Пипен, Џон Стоктон, Карл Мелоун, Крис Малин и Кристијан Лејтнер .

Затоа дресот на Џордан од последното олимписко натпреварување во кое учествуваше (првото во 1984. година во Лос Анџелес) е вистинска скапоценост за која е сосема нормално да се заработи богатство на аукција. Почетна цена беше 25.000, а аукционерот Роберт Едвард објави дека се продал за 216,000 долари.

Секако моментот за продажба е внимателно избран. Аукцијата се совпадна со премиерата на „Последниот танц“ документарна серија за Мајкл Џордан, кое се емитува на ЕСПН и Нетфликс.