Дресовите на Меси од СП во Катар се продаваат за над 10 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шест дресови кои Лионел Меси ги носел за време на Светското првенство (СП) во Катар ќе се продаваат на аукција во декември.

Аукциската куќа „Сотби“ соопшти дека очекува над 10 милиони долари за оваа колекција на Аргентинецот, која ќе се продава до 14 декември.

Најверојатно таа ќе стане највредната колекција на спортски сувенири продадена во историјата и ќе го надмине рекордот на Мајкл Џордан, чиј дрес од финалето во 1998 година беше продаден за 10,1 милион долари.

Дел од средствата ќе бидат донирани и за болница во која се лекуваат деца со ретки болести во Барселона.