Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси повторно ќе игра во финале на Лига Европа, а легендата на лондонскиот тим Дидие Дрогба знаеше како да го прослави пласманот во финалето.
Јунакот на Челси во 2012 година го гледаше ТВ-преносот од дуелот против Ајнтрахт Франкфурт и пенал-драмата на „Стемфорд Бриџ“.
Откако неговиот поранешен клуб стигна до победата, Дрогба веднаш испрати снимка со честитка до „сините“ со порака „Вамоооооооос“.
Челси во финале ќе игра против градскиот ривал Арсенал, кој, пак, беше подобар во полуфиналето од шпанска Валенсија.
Да потсетиме, финалето во Лига Европа се игра на 29 мај во Баку, а клубовите се жалеа, зашто добија само по 6.000 влезници за своите навивачи.
VAMOOOOOS! @didierdrogba knows… pic.twitter.com/iJT7SgMP3y
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 10, 2019