Другото лице на Леo Меси: „Знам дека може да ме смениш во секое време!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фановите на Барселона не сакаат да ја памтат епизодата со Џерардо „Тата“ Мартино на клупата на каталонскиот клуб.

Аргентинецот ја заврши сезоната 2013-14 со само еден трофеј, оној во Суперкупот на Шпанија, па го напушти клубот по возбудливата завршница во Примера дивизион, која му припадна на Атлетико.

Тогашниот директор на Барса, Андони Зубизарета, во едно интервју откри детал што всушност ја покажува улогата на Лео Меси во клубот, што не се однесува само на теренот.

Имено, многу се зборуваше за фактот дека Аргентинецот го „донесе“ Мартино откако Тито Виланова мораше да го напушти клубот поради болест.

“Тата Мартино во еден момент му рече на Меси додека ја водеше Барселона: “Слушај, знам дека претседателот ќе ме избрка во моментот кога ќе го повикаш, но тој … не мора да ме потсетуваш на тоа секој ден. Знам. “, откри Зубизарета.

Многумина би рекле, мрачната страна на еден од најголемите фудбалери во историјата …