Дуел на годината на Хјустон и Далас: Одлични настап на Хаден и Дончиќ (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фантастичен меч одиграа Хјустон рокетс и Далас маверкс, а на крајот Хјустон славеше по продолженија со 153-149.

Фановите на кошарката можеа да уживаат во одличен меч, кој на крајот го добија кошаркарите на Хјустон. Од самиот почеток беше неизвесно, но Далас успеа на поведе на полувреме со 85-75.

Далас во третата четвртина ја чуваа предноста, но пото Хјустон се врати во игра и по продолженија славеа со 153-149.

Хјустон до победа го предводеше одличниот Џејмс Харден со 49 поени, девет скокови и осум асистенции, додека Расел Вестбрук запиша 31 поен, 11 скокови и осум асистенции.

Одличен во екипата на Далас беше Криштапс Порцингис со 39 поени и 16 скокови, но мечот го одбележа Лука Дончиќ со трипл-дабл,односно 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции.