Дурант нема да одигра ниту секунда сезонава, а ќе заработи – 40 милиони долари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бруклин нетс скапо го плати Кевин Дурант, кој потпиша четиригодишен договор вреден 164 милиони долари, иако во првата сезона нема воопшто ниту да заигра.

Информацијата во текот на претставувањето на тимот за новата сезона ја потврди генералниот менаџер на Бруклин, Шон Маркс, па така Дурант нема да одигра ниту секунда, а ќе добие 40 милиони долари.

Поранешниот кошаркар на Голден Стејт вориорс во финалето на НБА-лигата против Торонто репторс ја повреди Ахиловата тетива, па „Воините“ останаа без прстен.

Бруклин го игра првиот меч за сезонава на 23 октомври против Минесота тимбервулвс.