Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Абердин славеше со 4-0 против Рос Каунти, а најдобар фудбалер на теренот беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој постигна два гола и асистенција.
Миовски постигна гол за водство во 21. минута од натпреварот, а потоа му асистираше на МекГрет за предност од 3-0, додека вториот погодок го постигна во 52. минута.
Македонскиот напаѓач остана на теренот до 72. минута, по што беше заменет од тренерот на Абердин.
Миовски со денешниот настап стигна до седум голови за Абердин оваа сезона.
Get in! #COYR #AberdeenFC #AFC pic.twitter.com/WRtnHX6d27
— Neil Roberts 🏴 🇺🇦 (@ferryhiller) September 24, 2023