Двајца фудбалери на Баерн Минхен се заразија со ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен објави дека Леон Горецка и Хави Мартинез се заразиле со ковид-19 и тие веднаш биле испратени во изолација.

Двајцата фудбалери добиле позитивни тестови, иако велат дека ги почитувале сите мерки од тимот, па сега ќе мора да го пропуштат и натпреварот против Хофенхајм.

Баерн Минхен во моментов се наоѓа на првото место на табелата во германскиот шампионат со 42 освоени бодови, односно седум повеќе од второпласираниот Лајпциг.