Двајца фудбалери на Тотенхем ги продолжија договорите со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајца фудбалери на Тотенхем денеска потпишаа нови петгоишни договори со лондонскиот клуб.

Станува збор за играчот од одбраната Бен Дејвис и играчот од средината на теренот, Хари Винкс кои се во плановите на Маурисио Покетино за следната сезона.

26 годишниот Дејвис се пресели во Тотенхем од Свонси уште во 2014 година, додека 23 годишниот Винкс е продукт на академијата на Тотенхем.

Дејвис зад своето име има запишано 168 натпревари во Тотенхем, додека младиот Винкс во кариерата собра 41 натпревар во дресот на „петлите“.