Двајца кошаркари на Бруклин Нетс заразени со коронавирус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сезоната во НБА лигата треба да продолжи на почетокот на јули во Орландо, но американските медиуми пишуваат дека сè е неизвесно.

Американските медиуми синоќа објавија дека Бруклин Нетс потврдиле дека двајца кошаркари на овој тим се заразени со коронавирусот, а тоа се Спенсер Динвиди и Де Андре Џордан.

Џордан беше надвор од комбинација за да игра за Нетс во Орландо до крајот на сезоната во секој случај, додека со Динвиди е различна приказна. Динвиди е еден од најдобрите играчи на Нетс и интересно ќе биде каква ќе биде ситуацијата со него.