Двајца репрезентативци на Италија се повредиле на теренот во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Италија, Лучано Спалети доби лоши вести по натпреварот против Македонија (1-1) во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Медицинскиот тим му соопштил на Спалети дека се повредиле Матео Политано и Џанлука Манчини и не можат да настапат против Украина.

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека Орсолини дополнително е повикан во репрезентацијата на „аѕурите“, а засега не е познато дали ќе добие повик уште некој фудбалер.