Двата најголеми мајстори на ПСЖ не играат против Барселона, во „аут“ и Нејмар и Ди Марија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лоши вести добија навивачите на ПСЖ пред мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Барселона. Бразилецот Нејмар ќе мора да паузира поради повреда и најверојатно нема да биде подготвен ниту за реваншот.

Нејмар се повреди во Купот против Каен, а прегледите покажаа дека станува збор за посериозна повреда, која бара рехабилитација до четири недели.

Првиот меч меѓу Барселона и ПСЖ се игра на 16 февруари, а реваншот е на програмата од 10 март. Освен на Нејмар, тренерот Маурицио Покетино за мечот во Барселона не може да смета ниту на Анхел Ди Марија, кој се повреди во дербито против Олимпик Марсеј.