Две недели страв се зад фудбалер на Рома: Само што се роди, а веднаш ми ја земаа…

Животот понекогаш знае да биде брутален, непредвидлив и суров, но на крајот со среќен крај. Токму тоа му се случи на фудбалерот на Рома, Џанлука Манчини.

Зад Манчини и неговата сопруга Елиза се две недели страв и неизвесност поради нивната ќерка Женева која била родена премногу рано.

Малечката Женева се родила на 18 јули, но веднаш по раѓањето била одземена од родителите.

„Се роди и веднаш ни ја земаа. По 14 дена кои беа како вечност, анксиозност и страв, илјада патувања во болница, надеж, болка и прашања без одговор, таа стигна во нашиот дом“, порача сопругата на Манчини.