Две засилувања во еден ден: Челси ќе потроши 200 милиони фунти?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси продолжи со преговорите за нови засилувања, а во последниот ден од трансфер-периодот би можел да добие двајца нови фудбалери.

Газдата на Челси, Тод Боели е во Португалија каде што преговара со Бенфика за трансферот на Енцо Фернандез, кој ќе чини 120 милиони фунти.

Меѓутоа, Боели нема да запре само со Енцо, туку планирал да испрати понуда од 80 милиони фунти и за Моисес Каиседо од Брајтон, кој е голема желба на Арсенал.

Брајтон веќе одби понуда од 70 милиони фунти од Арсенал, но Челси со 10 милиони повеќе ќе го убедува премиерлигашот да им го продаде одличниот фудбалер.