Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот меч од второто коло од групата Е, каде што на мегдан беа Викинзите и Аѕурите завршен е со минимална победа на актуелниот вицешампион на Европа.
Во првото полувреме речиси ништо да се спомене, јалова иницијатива на Шведска која не донесе ништо конкретно, Викинзите не упатија ниту еден шут кон голот, додека Аѕурите офанзивата не ја интересирасше. Податокот дека Едер немаше ниту еден пас во првите 45 минути од играта сведочи за неамбиционзите Италијани во нападот.
Продолжението на мечот донесе возбудлива игра. Швеѓаните во првиот дел од продолжението на мечот делуваа нешто поконкретни и жестоки, но поголема шанса Ибрахимовиќ и друштвото немаа.
Од друга страна, Италија првата голема шанса ја имаше преку Пароло во 82 минута, но фудбалерот на Лацио ја погоди само пречката.
Сепак, веќе шест минути подоцна Италија стигна до погодок. Се играше 88 минута кога Едер со одлична соло акција шутираше од работ на шеснаесетникот и го погоди долниот лев агол на кој стоеше Исаксон.
Беше тоа голем шок за Шведска од кој не се може да се опорават во последните минути и го запишаа првиот пораз на ова Евро. Шведска после овој пораз има само еден бод од два меча, додека Италија осигура осмина финале бидејќи имаат шест бода од два меча.