Еден фудбалер во кампот на Ангеловски е заразен со ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека на тренинг-кампот кој го организираше селекторот Игор Ангеловски бил откри еден позитивен играч на ковид-19.

Фудбалерот чиј идентитет не се открива бил испратен во изолација, а сите останати на кампот имале негативни тестови.

„Еден од фудбалерите во кампот е позитивен на тестирањето на ковид-19. Мерките за заштита беа испочитувани, па по тестирањето сите од кампот беа во изолација додека не пристигнаа резултатите. Сите останати имаат негативни тестови“, соопштија од ФФМ.

Тренинг-кампот е организиран со цел Ангеловски да види дали некој од фудбалерите ќе покаже доволно квалитет за да биде вклучен во А-селекцијата, која ќе настапи летово на Евро 2021.