Еден град не може да даде гаранции за публика на ЕП – има рок до 28 април!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа година 12 градови ќе го организираат Европското првенство (ЕП), а само Даблин има проблеми затоа што не може да даде гаранции за играње на натпревари пред публика.

Сите други 11 европски градови ѝ дале гаранција на УЕФА дека ќе примат одреден број навивачи на трибините, но од Ирска нема потврда.

„Фудбалската асоцијација на Ирска на препорака на Владата ја информира УЕФА дека поради актуелната ситуацијата со ковид-19 не е во можност да даде гаранции за присуство на одреден број навивачи на ЕП кое летово треба да се игра и во Даблин“, соопшти ирската федерација.

УЕФА на ова одговорила со рок до 28. април, а ако и тогаш Ирците останат на истиот став тогаш извесно е дека друг град ќе го превземе домаќинството.