Еден играч на Реал Мадрид славеше две титули оваа сезона

Реал Мадрид синоќа стана шампион на Шпанија, бидејќи го совлада Виљареал коло пред крајот на првенството, додека Барселона загуби од Осасуна (1:2).

И ако Барселона победеше, тоа немаше да смени ништо и Реал ќе ја завереше титулата, прва од 2017. година и вкупно 34-та.

За Рамос, Бензема и соиграчите е уште една титула, но оваа сезона само еден играч од Кралевите може да се пофали дека има освоено две титули.

Станува збор за Алваро Одриозола, кој е на позајмица во Баерн со кого беше шампион на Германија, а ќе ја добие и титулата шпанска Ла Лига затоа што претходно имал неколку настапи во дресот на Реал.

Се шпекулира дека Одриозола сега повторно ќе дојде во Реал откако му истече позајмицата со Баварците, а во Германија не планираат да го откупат неговиот договор.