Еден од капитените на Барселона доаѓа кај Меси во Интер Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер Мајами нема да учествува во плејофот во МЛС-лигата, па раководството на тимот следниот период ќе го искористи за да најде нови засилувања.

По Жорди Алба и Серхио Бускетс, уште еден фудбалер на Барселона е блиску до преселба во Интер Мајами кај Лионел Меси.

Еден од капитените на Барселона, Серхи Роберто има договор со тимот до следното лето, а веќе јавно кажа дека сака да ја продолжи кариерата во САД.

„Ми се допаѓа во САД. Ја сакам и МЛС-лигата, а имам и пријатели кои играат таму“, кажа Роберто.

Роберто игра за каталонскиот гигант од 2010 година, а за репрезентацијата на Шпанија настапи на 11 натпревари.