Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот селектор Дидие Дешан се соочи со големи проблеми само десетина дена пред почетокот на Светското првенство. Во финалето на Лигата на шампионите се повреди одбранбениот играч на Арсенал, Вилијам Салиба, еден од клучните играчи на француската репрезентација, поради што неговото учество на турнирот стана многу неизвесно.
Според достапните информации, Салиба ќе отсуствува од теренот околу три недели, што сериозно го доведува во прашање неговото учество на Светското првенство, а речиси сигурно нема да игра во групната фаза. Се споменува дека одбранбениот играч и пред финалето имал проблеми со повредата, но решил да „стегне заби” и да игра во едeн од најважните натпревари на сезоната. Тој настап, како што изгледа, ја влошил неговата состојба и би можел да го чини учество на најголемиот репрезентативен турнир.
За да биде уште полошо за францускиот одбранбен играч, неговиот Арсенал во финалето на Лигата на шампионите беше победен од Пари Сен-Жермен, така што неговото учество заврши двојно разочарувачки.
















