Еден од најголемите спортисти во историјата на СССР замина во војна против Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и многу други спортисти, поранешниот кошаркар Александр Волков не ги следеше мирно случувањата во Украина и реши да земе пушка во рака.

Поранешниот олимписки првак со кошаркарската репрезентација на СССР на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, реши да се приклучи на армијата.

Волков беше еден од првите Европјани кои играа во НБА-лигата во 1989 година, а го носеше дресот на Атланта хокс.

По пензионирањето беше министер за спорт на Украина и претседател на кошаркарскиот сојуз на државата.

Најголем успех во неговата кариера е освоеното злато на игрите во Сеул во 1988 година, откако ја победи Југославија во финалето со 76-63.