Еден од најталентираните Унгарци ги „откачи“ Милан и Баерн Минхен, но ќе игра во Бундеслигата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најталентираните фудбалери на Салцбург, Доминик Собослаи е еден од најпосакуваните играчи во Европа, па за него се борат голем број европски гиганти.

Меѓутоа, младиот унгарски репрезентативец веќе си пронашол нова екипа, и тоа станува збор за Салцбург, вториот тим на Ред Бул.

За неговиот потпис беа заинтересирани Милан, Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен, но Собослаи сака да се пресели во Лајпциг, и тоа уште во јануари.

Последните информации од Германија говорат дека Лајпциг е во пол-позиција за неговиот потпис. Двата клуба имаат ист спонзор „Ред Бул“ и наводно веќе го договориле трансферот за јануари.

Собослаи наводно веќе дал согласност за трансферот и во 1-ви јануари ќе стави потпис на договорот, а Лајпциг ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 25 милиони евра.