Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку на почетокот на месецов беше жртва на расистички напади. Интер пред две недели играше на гости кај каљари, а во центар на внимание беше напаѓачот кој им ја донесе победата.
Расизмот е голем проблем на Апенините и Италијанците очигледно тоа не може да го решат. Навивачите на Каљари расистички го навредуваа Лукаку, а изгледа тоа во Италија не е толку чудно.
Срамен коментар по инцидентот даде и италијанскиот фудбалски аналитичар Лусијано Пасирани, кој беше гостин на една телевизија.
„Ако одите еден на еден со него, тогаш не може да го запрете. За да го направите тоа ќе мора да му фрлите десет банани за да ги изеде“, порача Пасарини.
Директорот на телевизијата „ТопКалчо24“, Фабио Равенаци се извини на јавноста поради изјавата на Пасирани и порача дека тој повеќе никогаш нема да биде гостин во некоја емисија на телевизија.