Една лоша и една добра вест за Солскјер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер на почетокот на годината ќе има многу важен меч.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед поврзаа две важни победи, со 4:1 го совладаа Њукасл, го добија и Барнли 2:0, па го заборавија поразот од Вотфорд од 0:2.

На Ѓаволите им претстои дуел со Арсенал на први јануари и тоа на Емирати, а Солскјер повторно нема да може да смета на Пол Погба.

Французинот после долго време се врати на терен против Вотфорд, во игра влезе од клупа, како и по неколку дена против Њукасл.

Сепак, против Барнли не беше во протоколот, а не се појави ни на денешниот тренинг на Јунајтед, па се е појасно дека ќе го пропушти дуелот со Топџиите во среда.

Добра вест е тоа што на тренинг се врати заборавениот Ерик Баји, кој во згуаснатиот распоред би можел да биде од значење, како ротација на стоперските позиции.

На тренингот не присуствуваа ни Скот Мектоминај, Туанзебе и Ешли Јанг, па се чини дека Немања Матиќ повторно ќе добие шанса во стартниот тим, како против Барнли.