Егзодус од „Олд Трафорд“: Уште еден искусен фудбалер си оди од Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед соопшти дека екипата ќе ја напушти Хуан Мата, кој има договор со премиерлигашот до 30 јуни.

Клубот денеска соопшти дека Мата нема да го продолжи договорот, иако имал понуда да остане во Јунајтед, но само како тренер на академијата.

Шпанецот сака да одигра барем уште една сезона и најверојатно ќе се врати во неговата татковина, но засега не е познато каде ќе игра.

Мата е уште еден фудбалер кој заминува од „Олд Трафорд“, откако претходно екипата потврди дека ќе си одат Пол Погба, Немања Матиќ и Џеси Лингард.