Егзодус од Вардар: И Милосављев си најде нов клуб!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Голманот на Вардар, Дејан Милосављев на два дена пред настапот на македонскиот шампион на Ф4 во Лигата на шампиони, реши да потпише со бундеслигашот Фуксе Берлин.

Неверојатниот голман добива нов предизвик во германската лига, кадешто ќе остане најверојатно до 2024 година, до кога што потпиша соработка со Фуксе.

Србинот кажа за германските медиуми дека е среќен затоа што ќе игра во Бундеслигата, а тоа е голем чекор за него со оглед на тоа дека Вардар се соочува со финансиски проблеми, па голем дел од ракометарите најавија дека ќе заминат.

Милосављев сигурно ќе има дополнителен мотив да се потруди и да му помогне на Вардар во битката за трофејот во ЛШ, па така „црвено-црните“ би можеле да го повторат успехот од 2017 година.

Да потсетиме, Вардар во сабота во полуфинале игра против Барселона.