Егзодусот од Торино продолжува: Уште еден фудбалер избега од Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Цела Италија ги преживува најтешките денови од пандемијата на коронавирусот. Поради тоа не е чудно што и кај фудбалерите владее страв, а многумина ја користат секоја шанса да заминат од државата.

Тоа стана тренд и во Јувентус, откако во тимот беа регистрирани неколку фудбалери со Ковид-19, по што пред неколку дена клубот го напуштија Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.

Сега тоа го направи и Даглас Коста,иако уште не му завршил предвидениот двенеделен период на самоизолација.

Во случај на претходните тројца клубот потврди дека ги пуштил, а што се однесува до Бразилецот уште нема официјална информација.

Инаку, во Јувентус велат дека самоизолациите се доброволни и нема предвиден рок кога би требало фудбалерите да се вратат.