ЕХФ ѝ се закани со суспензија на БиХ поради поранешен селектор на Македонија

Ракометниот сојуз на БиХ се соочува со сериозна суспензија од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради поранешниот селектор Ивица Обрван.

Обрван ја предводеше БиХ во 2021 и 2022 година, при што Босанците му останале должни 138.812 евра, а ЕХФ нареди до 15 август да му бидат исплатени.

Ракометниот тренер го доби спорот против БиХ и сега ракометниот сојуз мора да најде пари за да се спаси од суспензија на сите репрезентации, клубови и службени лица.