ЕХФ му се „извини“ на Вардар за елиминацијата од ЛШ со – мизерна финансиска утеха!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) минатата недела донесе одлука да ги елиминира четвртфиналистите во Лигата на шампиони и на турнирот да се доигра само Ф4.

ЕХФ реши на Ф4 да се пласираат по две екипи од групата А и Б, кои биле на првата и втората позиција, додека другите учесници во нокаут-фазата се елиминирани.

Со оваа одлука Вардар остана без можност да ја брани титулата, а комично е и тоа што ЕХФ им подели на елиминираните екипи мала финансиска утеха.

Клубовите кои требаше да настапат во нокаут-фазата ќе поделат износ од 250.000 евра, односно секој би добил околу 25.000 евра.

На Ф4 на крајот на декември ќе настапат тимовите на Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.