ЕХФ со награда за Чупиќ: Хрватот избран во тимот на колото во ЛШ! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар беше поразен од Пик Сегед со 33-34, а тоа беше еден од најдобрите натпревари за Иван Чупиќ.

Хрватот постигна девет погодоци и неколку асистенции, па затоа доби награда од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Чупиќ беше избран за најдобар десен бек, а покрај него во тимот на колото се најдоа Мелер, Ричард Бодо, Малсинскас, Ривера, Кунуку и Каралек.

Фото: Денис Дуковски