Експлозија на трибините: Голман во 94-та минута погоди за тимот да помине понатаму (ВИДЕО)


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Синоќа, покрај натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите, се одиграа осминафиналните натпревари од КОНКАКАФ натпреварувањето. Тоа беа реванш дуели.

Најинтересно беше во Мексико. Тигрес ја пречека салвадорската Алианца на својот стадион Университарио и ја прослави победата со резултат 4:2.

Мексиканскиот великан до четврт гол стигна во четвртата минута од продолжението, а тој им го донесе во четвртфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи Алијанца го доби првиот меч на домашен терен со 2:1, а синоќа успеа да постигне два гола .

Тигрес достигна 3-0 многу брзо. Тие поведоа на домашен терен преку Енер Валенсија, па преку поранешниот ас на Марсеј Жињац со два гола да зголемат на 3:0, но гостите преку Портиља намалија на 3:2.

3:2 беше резултат на првото полувреме, а Тигрес не успеа да стигне до толку потребниот гол. И тогаш доајде четвртата минута од продолжението, Тигрис добија корнер и голманот Нахел Гузман се упати во нападот.

Варгас ја уфрли топката, а токму Гузман беше најумешен за погодокот за конечни 4-2, за помин на Тигрес во следната фаза и ерупција од задоволство на стадионот.

Нешто што не се случува секој ден …