„Ел Чирингито“: Жал ни е, ама Рамос заминува од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос и дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид, а оваа вест се појави во емисијата „Ел Чирингито“, која ја води познатиот водител Хозе Педрелол.

Флорентино Перез и Рамос не успеале да се договорат за нова соработка, иако вчера се појавија шпекулации дека постои таква можност.

Претседателот на „кралевите“ инсистираше на едногодишна соработка, но Рамос сакаше договор на две години.

„Рамос заминува. Нема назад. Готово е. Во клубот тоа го знаат и се подготвуваат за иднината без капитенот“, вели водителот.

Исто така, Рамос не се согласил ниту на условот да му биде намалена платата за 10% поради финансиските проблеми за време на пандемијата, а Перез не сакал да му даде плата од 12 милиони евра.