„Ел Пистолеро“ се враќа: Суарез повторно ќе игра за Уругвај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез повторно е повикан во репрезентацијата на Уругвај, и тоа за првпат по Мундијалот во Катар на крајот на 2022 година.

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса го повика искусниот напаѓач за следните два натпревари против Аргентина и Боливија.

Биелса претходно не го повика Суарез, откако го презема кормилото на Уругвај во мај, но дефинитивно „Ел Пистолеро“ ќе му биде потребен на следните натпревари.

Суарез досега одигра 137 натпревари за Уругвај, а притоа постигна 68 голови и стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.

Уругвај во моментов е на втората позиција во квалификациите со седум бодови, односно пет помалку од Аргентина.