Елитниот судија од УЕФА по апсењето објасни што правел кај старлетата Тијана Ајфон


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Познатиот судија на УЕФА од Словенија, Славко Винчиќ беше вмешан во голем скандал, откако вчера го уапси полицијата во голема акција во Босна и Херцеговина, а бил пронајден во викендичката на популарната старлета Тијана Ајфон.

Ајфон е уапсена поради сомнеж дека нуди интимни услуги на клиенти, а полицијата сметала дека и Винчиќ бил еден од нив. Сепак, тоа не е вистина според неговата приказна, која ја раскажа за словенечките медиуми.

„По полициската рација, повикани бевме на информативен разговор, каде што објаснив дека не ги познавам луѓето, по што ме пуштија дома“, кажа Винчиќ.

Винчиќ во минатото му беше помошник на Дамир Скомина, а од сезонава е главен судија во УЕФА и судеше на три меча во Лигата на шампиони.