Елмас и Наполи ремизираа кај Генк, Дортмунд на крилјата на Хакими ја урна Славија Прага (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Наполи не успеа да ја запише втората победа во второто коло од Лигата на шампиони, откако одигра само 0-0 против Генк во Белгија.

Екипата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше солиден меч, но не успеаа да ги искористи нивните шанси, па мрежите останаа да мируваат.

И Генк имаше шанси, иако помалку сериозни од тие на Наполи, сепак се заканија кон гостинскиот гол, но неуспешно.

Македонскиот фудбалер одигра 58 минути на мечот против Генк, откако го замени Дрис Мертенс во составот.

Борусија Дортмунд во вториот меч успеа да слави против Славија Прага, откако на крилјата на Ашраф Хакими ги освои трите бода (2-0), а двата погодоци ги постигна токму Хакими.