Елмас ќе остане без тренер во Наполи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Наполи загуби со 0-1 од Емполи на домашен терен, па наскоро тренерот Руди Гарсија би можел да остане без работа.

Емполи победи со гол во 91. минута, кога Коваленко постигна прекрасен погодок и донесе три бода за гостите.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во стартниот тим, но не успеа да му помогне на тимот да избегне пораз.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека управата веднаш закажала состанок по поразот, а на истиот ќе се одлучува за иднината на Гарсија.