Елмас: Нема кај нас прв или втор тим, сите сакаме Наполи да победува!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас добива поголема минутажа по доаѓањето на Лучано Спалети на кормилото на Наполи.

Спалети веќе неколку пати кажа дека е задоволен со настапите на Македонецот и поради тоа му дава поголема шанса на теренот.

Наполи игра одлично сезонава, па по осум одиграни кола има осум победи и се наоѓа на првата позиција, па се надеваат Елмас и неговите другари дека можат да продолжат во ист ритам.

„Во Наполи нема прв и втор тим. Сите играме за овој клуб и сите сакаме да победиме, тоа е нашата главна цел. И пред натпреварот со Легија знаевме дека ќе победиме и на крајот успеавме. Знаеме дека кога ќе истрчаме на теренот мораме да дадеме сѐ од себе за да дојдеме до победата. Секоја победа за нас е важна“, вели Елмас за „Скај Спорт“.