Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За македонската јавност во Лига Европа посебно внимание денес привлекуваше натпреварот помеѓу Ријека и Наполи бидејќи на двете страни имаше по еден Македонец.
И Велковски и Елмас стартуваа за своите тимови од првата минута. Ријека добро го отвори натпреварот и во 13. минута преку Муриќ хрватскиот тим стигна до предност. Наполи успеа да изедначи во финишот од првиот дел преку Деме.
Елмас на теренот беше се до 60. минута кога беше заменет од Фабијан Руиз. Неколку моменти пред да излезе од игра Елмас беше блиску да постигне погодок, но неговиот удар заврши покрај голот. До водство гостите од Италија стигнаа со автоголот на Браут. Резултатот од 1:2 се покажа и како конечен.