Елмас погоди на големото дерби против Галатасарај и донесе реми за Фенер (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна одличен гол на денешниот дерби натпревар во кој Фенербахче го пречека Галатасрај.

Елмас по подолго време го започна натпреварот од првата минута, и одигра уште една солидна средба.

Онјекуру погоди за водство на Галатасарај во 66. минута, а Фенер во тој момент беше со играч помалку на теренот по црвениот картон на Калдрим.

Кога се чинеше дека се е готово за Фенер, Елиф Елмас стапи на сцена и по еден убав влез во шеснаесетникот на противникот го совлада Нестор Муслера.

Инаку, ова е втор погодок за Елиф Елмас во дресот на Фенербахче оваа сезона.