Елмас: Жал ми е што Италија остана без настап на СП во Катар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација славеше со 1-0 против Италија во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар, а Елиф Елмас кажа дека му е жал затоа што европскиот шампион остана без големото натпреварување.

Елмас минатиот викенд постигна гол за победа против Аталанта, а токму тие три бода го оставија Наполи во трката за Скудетото со Интер и Милан.

„За Македонија тоа беше победа од соништата. Не играв поради суспензија, но секој сонува да ја победи Италија. Жал ми е за нив затоа што имам многу пријатели и сметам дека заслужија да играат на Светското првенство. Против нас играа одлично, а во фудбалот не победува секогаш подобриот“, кажа Елмас.