Емери се „одјави“ од Лондон: Арсенал ангажира тренер кој учеше од Гвардиола!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми шпекулираат за можен наследник на Унај Емери на клупата на Арсенал. Шпанскиот тренер, наводно, добил ултиматум во следните три меча да освои девет бода, инаку ќе добие отказ.

Екипата од северен Лондон игра против Норвич, Брајтон и Вест хем, но со право се поставува прашањето дали имаат капацитет да победат во сите три меча.

Арсенал бара замена за Емери, а англиските медиуми шпекулираат дека прв кандидат е Микел Артета, кој во моментов му е помошник на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер сити.

Шпанецот во текот на кариерата беше еден од најинтелигентните фудбалери, а во последните неколку години учеше од еден од најдобрите во светот.

Освен Артета, во конкуренција за тренерската позиција се уште и Масимилијано Алегри и Маурицио Покетино.