Емил Хески со совет до Лестер да купат играч на Ливерпул


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот легендарен англиски напаѓач, Емил Хeски упати совет  до првите луѓе во Лестер да тргнат кон ангажман на играч на Ливерпул.

Станува збор за Адам Лалана чиј договор со „црвените“ ќе истече по крајот на сезоната и ќе биде слободен да ја бира новата средина.

Лестер е еден од тимовите кои е заинтересиран за Лалана, а освен овој клуб за искусниот фудбалер има интерес и од Арсенал и Тотенхен.

„Ако Лалана потпише за Лестер тоа ќе биде вин-вин ситуација за сите. Јас сум голем фан на Лалана, го гледав неколку години. Тој е многу добар и самоуверен играч со топка. Токму тоа им треба на Лестер“ –изјави Хески.