Емотивниот Пјаниќ се огласи по спектакуларниот трансфер во Барселона: Диши Мире…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и официјално го потврди трансферот на босанскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Босанецот за сума од 60 милиони евра ќе се пресели на „Камп Ноу“ во трансфер кој за него претставува врв во кариерата.

По потврдувањето на траснферот со коментар на социјалните мрежи се јави и самиот Пјаниќ.

„Диши Мире, тоа е тоа што го повторувам во себе во одлучувачките моменти на натпреварите. И тоа е она што сега постојано си го велам, додека се обидувам да напишам што моментално чувствувам.

Стигнав пред четири години обидувајќи се да освојам се. Дури и кога тоа не го можете, тоа е она што играч на Јувентус секогаш мора да го прави. Тоа беа четири интензивни години за време на кои живеев со големи професионалци, но пред се со искрени пријатели. Со нив делев победи и рекорди, но и горки порази, порази кои се случуваа на само еден чекор до целта…

Ова се годините во кои созреав како човек и како татко. Ова е градот во кој Един порасна, стана навивач на овој клуб и град во кој јас и моето семејство направивме најдобри спомени за нашите животи“ –изјави Пјаниќ..