Ендрик објасни зошто го избрал Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилското чудо од дете Ендрик долго време се поврзуваше со различни европски гиганти, а на крајот реши да потпише за шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид.

Бразилецот ќе им се приклучи на „кралевите“ во 2024 година, кога ќе наполни 18 години, а дотогаш ќе го носи дресот на Палмеираш.

Ендрик во разговор со новинарите откри зошто се решил за Реал Мадрид, а не за некој од другите европски екипи.

„Многу сум среќен што го избрав Реал Мадрид. Му благодарам на Бог за сè. Кога ќе пристигнам во Мадрид, ќе се забавувам. Винисиус ми испрати важна порака и ме охрабри да потпишам за Реал. Исто така, мојот идол Кристијано играше за Реал“, вели Ендрик.