Енигма за Барселона: Димитриевски повтори нешто што се случило пред пола век!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Димитриевски беше најзаслужен за тоа што Рајо Валјекано остана непоразен кај Барселона, а притоа успеа да се запише во историјата.

Димитриевски минатата сезона двапати ја зачува мрежата против каталонскиот гигант, при што одбрани и пенал на Мемфис Депај, а вчера имаше шест одбрани во ремито (0-0) на „Камп Ноу“.

Македонецот стана четврти голман во историјата кој успеал да не прими гол на две гостувања на „Камп Ноу“, а такво нешто последен пат се случило пред 50 години.

Пред Димитриевски двапати по ред успеале да останат непоразени само Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.