Енрике се коцкаше и скапо плати: Мароко ја шокира Шпанија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мароко ја елиминира Шпанија од осминафинале на Светското првенство (СП) во Катар, откако пеналите беа среќни за Хакими и сонародниците.

Шпанија ја контролираше топката во првото полувреме, но не создаде шанси за гол, додека Мароко беше поопасен и се обиде неколку пати да ја затресе мрежата на „црвената фурија“.

Избраниците на Луис Енрике во вториот дел целосно го надиграа противникот и се заканија неколку пати, меѓутоа Мароко успешно се одбрани и се избори за продолженија, каде што имаше малку возбудувања, а мечот на крајот се решаваше на пенали.

Голманот на Мароко одбрани дури три пенали, додека неговите колеги трипати ја затресоа мрежата на Симон.