Енцо му го договорил најскапиот трансфер на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез во јануари годинава стигна во Челси од Бенфика за 106 милиони фунти и беше претставен како спектакуларно засилување.

По одличниот настап на Светското првенство (СП) во Катар, Енцо пристигна во Лондон, но тимот не игра најдобро, па Аргентинецот не може целосно да го прикаже својот квалитет.

Енцо, сепак, во меѓувреме му го договорил најскапиот трансфер на премиерлигашот, а тоа е Мојсес Каиседо, кој бил на чекор до трансфер во Ливерпул, но на крајот се решил за Челси.

„Разговаравме за многу работи. Всушност, самиот факт што ве побарал светски шампион на телефон зборува само по себе. Тој телефонски повик од Фернандез ме убеди да потпишам за Челси“, вели Каиседо.