Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез направи глупав потег при прославата на титулата на Копа Америка, откако објави видео на кое пеат расистичка песна против Французите.
Овој потег ги налути неговите француски колеги од Челси, но и останатите кои го отследија, а мораше да реагира и премиерлигашот.
Челси соопшти дека ги осудува сите дискриминаторски потези и ќе преземе соодветни мерки против Аргентинецот.
„Тие играат за Франција, но нивните родители се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, а нивните татковци од Нигерија. На пасошот пишува Франција“, беше песната на Аргентинците.
Le football en 2024 : racisme décomplexé 🤦🏽♂️🤦🏽♂️🤦🏽♂️ pic.twitter.com/MGkH5wPmNU
— Wesley Fofana (@Wesley_Fofana3) July 16, 2024