Ерера и официјално се збогува со Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и миленик на фановите на клубот, Андер Ерера потврди дека ќе си замине од клубот по крајот на сезоната.

Шпанскиот фудбалер ќе си замине од „Олд Трафорд“ по пет години поминати на стадионот на кој стекна голема почит од фановите на Манчестер Јунајтед.

„Црвеното ми е во срцето, го знаев тоа од првиот пат кога заиграв овде и од моментот кога почнав да ја носам црвената боја. Клуб со илјадници фанови кои ги почитуваат и паметат сите играчи кои дале се за овој клуб. Се чувствував специјално кога го слушав моето име како се пее на трибините. Бев многу горд кога фановите одлучија да бидам дел од неверојатната историја на клубот“ –истакна меѓу другото Андер Ерера во збогувањето со фановите.