Ерера откри што ќе се случи со Мбапе и Нејмар ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе и Нејмар долго време се поврзуваат со заминување од редовите на францускиот шампион, ПСЖ.

На ваквите шпекулации сега одговор даде играчот на францускиот тим, Андер Ерера.

Според Шпанецот, ПСЖ ќе успее да ги задржи најголемите ѕвезди на клубот и заследната сезона и покрај интересот од Барселона и Реал Мадрид.

„Не знам колку заработуваат, но знам дека двајцата се клучот на овој проект и од тоа што можам да го видам тие се среќни овде во ПСЖ. Точно е дека има многу вести за нив во медиумите, но ние не обрнуваме внимание на тоамногу.

ПСЖ не е клуб кој ги продава своите ѕвезди, напротив, ПСЖ ги купува нив. Клубот е доволно економски силен да ги задржи и двајцата. Тие се најдобри на светот и јас сакам моите останати години од договорот да ги уживам играјќи со нив двајца“ –изјави Ерера.